ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба за името

од desk2

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека шест дена од Владата бараат одржување на лидерска средба кои, според партијата, се доволен период и за усогласување и на термините со лидерите и доволен период премиерот Зоран Заев да и објасни на јавноста што се случува со преговорите за името. Според партијата, Заев не смее да ја узурпира добиената позиција и да наметнува решенија за кои јавноста не е информирана.

„Затоа со цел да се оттргнат сите сомнежи, и да се види што е тоа што го крие Заев и СДСМ бараме уште еднаш итна и неодложна лидерска средба каде освен носителите на преговарачкиот процес премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров, би учествувале лидерите на политичките партии и претседателот на државата“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини