ВМРО-ДПМНЕ бара казни за функционерите на ДУИ кои слават роденден во министерство без маски

од Vladimir Zorba

„Фрапантна е фотографијата на министрите и функционерите на власта кои без маска и соодветна заштита ги користат државните институции за славење на роденден“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секаде во светот министерствата се користат за работа, само во влада на чело со Заев за родендени. Наместо министерствата да им служат на граѓаните, во Македонија тие им служат на функционерите на власта за славење на родендени.

Спасовски и Филипче наместо да се расфрлаат со приказни нека ги казнат министрите кои во министерството на Груби не носат маска. Кога граѓаните плаќаат казни за неносење казна тогаш тоа најмалку може да го направат и министрите и фунционерите на власта“, додаваат оттаму.

Слични содржини