ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност за Бухова и Филипче

од Vladimir Zorba

„Со привидното тргање на Ирина Бухова од чело на ДСЗИ, не се завршува случајот со поликлиниката Промедика, која вршела операции без дозвола. Одговорност мора да има за сите надлежни“, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не само заминување од функција, туку и кривична одговорност за Бухова и за Филипче, кој како министер за здравство дозволил незаконие.
Додека народот ги плаќал Бухова и Филипче да се грижат за здравството, тие премолчувале работење без лиценца“, тврдат од Белата палата.

Одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори здравството да биде водено од интереси на тесна клика луѓе, додавата оттаму.

Слични содржини