ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за комуникацијата на Заев со лажниот Порошенко (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Јавното обвинителство мора да отвори истрага за комуникацијата на Зоран Заев преку неговиот личен телефон со лажниот Петро Порошенко и сите пораки и информации кои што му ги изнел бидејќи постојат сериозни индиции за повеќе кривични дела“, вели денеска Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пораките на Заев објавени во медиумите, покажуваат дека тој во кабинетот на Владата одржувал средби со контроверзниот лик Тал Силберстин, човек посочуван од страна на австрискиот канцелар, Себастијан Курц како главно осомничен за креирање на аферата поради која што падна австриската влада. Е токму тој бил примен од страна на Зоран Заев во кабинетот на премиерот во Владата на Република Македонија, и тоа токму во периодот кога се случувала аферата во Австрија. Па дали Заев имал или немал врска со случувањата во Австрија, која е долгогодишен, докажан пријател на Република Македонија“, вели Стоилковски.

Слични содржини