ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот, а Мицкоски ја повикува дијаспората да се евидентира

од Nikola Popovski

За ВМРО-ДПМНЕ, до 1-ви април може да се поднесе закон за поништување на Законот за попис, но сепак СДСМ -ДУИ пак ќе го изгласаат по брза постапка и пописот во Република Македонија ќе започне.

Според нив, секојдневно вртоглаво растат бројките на заразени од вирусот КОВИД-19, а се уште нема вакцини ниту за граѓаните, ниту за попишувачите од СДСМ.

„И поради ваквата ситуација логично е да се бара одложување на пописот, но Владата за жал не ја интересираат жртви. Владата е насочена единствено кон договорени проценти. Повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се однесува на регистрирање на државјанства, тие не влагаат во резидентно население и нема потреба од нивно регистрирање при попис. Од тука неспособната и лажлива власт манипулира со населението и создава хаос во државата. Единствен начин да се делегитимира овој процес и да се прикаже манипулативноста на Владата е да се попишат сите државјани на Република Македонија, тогаш ќе има неколку милиони државјани, а за резидентно население ќе се има договор“, стои во партиското соопштение.

За само осум дена, опозициската ВМРО ДПМНЕ собра 100.000 потписи од граѓани кои се против оддржувањето на пописот, сметајќи дека е полтичка операција или водени од реалната состојба со Ковид пандемијата, потврди лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се огласи на својот Фејсбук профил.

„ВМРО-ДПМНЕ за 24 часа, или по 3 часа дневно, во рок од 8 дена собра повеќе од 100.000 потписи од граѓани кои се незадоволни од начинот на кој се води операцијата попис. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја води битката против мафијашката власт од внатре низ институциите за одложување на пописот, а во меѓувреме е потребно истата таа операција да ја девалвираме. Затоа, ја повикуваме дијаспората масовно да се пријави на онлајн апликацијата. Доколку мафијашката власт продолжи насилно да се однесува, тогаш при превземањето на институциите истата ќе биде предмет на детална проверка, а ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае овие политички резултати“, се вели во денешната Фејсбук објава на Мицкоски.

Слични содржини