ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Ковачевски, во спротивно ќе продолжи со детали за аферата „Броило“

од Nikola Popovski

Димитар Ковачевски е основач на Пиксел груп и ниту едно бледо соопштение не може да го прикрие фактот дека тој и неговиот кум Горан Паунов преку потпишување на договор сакале да добијат 40 проценти државна помош, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Даниела Марковска од СДСМ.

Најголемата опозициска партија обвинува дека „Ковачевски свесно ги злоупотребува институциите и преку функцијата која ја извршува“.

-Ковачевски дезертира само од војска и дебата, ама кога станува збор за криминал тогаш е прв. Го повикуваме Ковачевски веднаш да ја каже неговата вмешаност во сите бизниси на овој Соларен Картел, и веднаш да си поднесе оставка. Во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да открива детали за аферата „Броило“, стои во партиското соопштение.

Претходно од СДСМ категорично демантираа дека Ковачевски е вклучен во ваквата афера.

-Очајно е ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа претседателот Ковачевски затоа што е чесен и затоа што работи за граѓаните додека Мицкоски се кара за тендери и провизии. Фатени со рацете во медот за тендер од 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски продолжуваат со фабрукување лаги и невистини за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, рече пратеничката од редовите на владеачката партија, Даниела Марковска.

Слични содржини