ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Мојсоски

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

-ДКСК утврдила дека Мојсовски, како директор на Агенцијата за млади и спорт, како и Комисијата која ја назначил владата извршила злоупотреба во ваучер системот за доделување на пари на спортски клубови и федерации, за што Мојсовски добил и кривична. Наместо да го разреши веднаш, Ковачевски го чува Мојсовски на позиција, и со тоа му овозможува и понатаму да продолжи со делото кое му се става на товар, порачаа од партијата.

Од таму додаваат дека „постојат сомнежи дека фондот на пари со кој оперирал Мојсовски од скоро 1 милијарда денари завршувал кај клубови и федерации по принцип на фаворизирање, и изборот е правен по сугестија на политички партии“.

Слични содржини