ВМРО-ДПМНЕ: Барањата на Бугарија не смее да станат дел од преговарачката рамка

од Берта Китинска

Барањата на Бугарија не смее да станат дел од преговарачката рамка, Ковачевски да не молчи и да каже дали одобрил откажување од Делчев? Ковачевски молчи и не прави ништо за Македонија. Бугарските барања за ставање на нивните ултиматуми и уцени во преговарачката рамка која ќе треба да ја исполни земјава при влез во ЕУ се заглавување на Македонија и можност Бугарија да бара нови и нови отстапки кога ќе посака, а сето тоа да го правда како обврска за влез во ЕУ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ставање на бугарските барања во преговарачка рамка, доколку тоа треба да биде гласано во собранието.Прифаќање на таква рамка е капитулација за државата. Ковачевски да не молчи и да каже и дали одобрил откажување од Гоце Делчев?Ковачевски како ни се до сега молчи и за преговарачката рамка која сакаат да ја наметнат Бугарите и за Делчев. Ковачевски не направи ништо за државата откако е премиер. Само порази и неуспеси. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението.

Слични содржини