ВМРО-ДПМНЕ: Бочварски ако не ги исполни барањата за експресниот пат Градско – Прилеп, од први јули го активираме штрајкот

од Nikola Popovski

Павле Димов, советник во Општина Росоман од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиуми го потсети министерот за транспорт и врски што имал ветувано во Сирково, дека токму ова село ќе добие клучка за експресниот пат Градско – Прилеп.

„Се наоѓаме точно на местото во Сирково, точно на ова место се случи и најголемата лага што ни ја кажа министерот Бочварски од Скопје. Тој беше тука заедно со својата делегација и изведувачот на градежните оперативи. Токму на ова место ни беше ветувано дека ќе има приклучок. Министерот дојде на лице место, го разгледа теренот и кажа дека е погодно за таква работа. Дури и рече ќе дојдам со комплетна документација да ви кажам да го почнеме проектот. Но, тоа не се случи. Го чекаме околу 2-3 месеци, иако тој рече за две –три недели ќе дојде тука“, појасни Димов.

Димов додаде дека претходно кога ја активирале блокадата за два дена поточно на 30-ти март биле повикани во Скопје, во министерство за транспорт, кај што министерот рекол дека од клучката нема да се случи. И им ветил алтернативно решение пат од 6 метри до клучката на Крушевица, но таа нема да е нефункционална за никого.

„Ние имавме две барања, првото беше приклучок на брзиот пат Градско – Прилеп. И второто барање ни беше овој пат што оди од Росоман до Сирково и од бензинската до Сирково комплетно да се преасфалтира бидејќи ние гo дадовме во комплетно нова состојба“, нагласи Димов.

Слични содржини