ВМРО-ДПМНЕ: Дали е точно дека четири високи воени лица не го поминале тестот на НАТО?

од Vladimir Zorba

„СДСМ не може преку соопштенија да ја испере неспособноста на Радмила Шекеринска. Шекеринска изврши целосна партизација на Министерството за одбрана. Ако Шекеринска кога веќе толку се грижи за стандардот на војската, нека каже зошто возилата на АРМ се оставени без масло“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Шекеринска нека одговори колку пати им паѓаше тендерот за масло за возила и зошто?

Шекеринска нека одговори на јавноста до кога македонските гардисти ќе бидат без парно греење во 21 век?

А, пуленот на Шекеринска, Драган Николиќ како државен секретар е еден од главните виновници зошто немаме воен претставник во НАТО веќе две ипол години.

Шекеринска нека смогне сили веќе еднаш и јавно да каже дали НАТО повторно им го врати претставникот во Брисел поради соработки со тајни служби од други држави?

И нека одговори дали е точно дека четири високи воени лица не го поминале тестот на НАТО?

Време е Шекеринска јавно пред граѓаните да ја признае грешката со номинацијата на највисокиот воен претставник и веднаш да поднесе оставка!“, се додава во соопштението на СДСМ.

Слични содржини