ВМРО-ДПМНЕ: Дали лицето кое пукаше во Чаир, ослободено од Ариф Асани, е веќе осуден, а МВР не го приведува?

од Nikola Popovski

Дали лицето кое пукаше во Чаир, ослободено од Ариф Асани, е веќе осуден, а МВР една година не го приведува Дали МВР една година избегнува да го приведе за отслужување на казна затвор лицето кое среде бел ден пукаше во Чаир?, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму прашуваат дали Ариф Асани и функционерите во МВР, наместо да ги ставаат зад решетки, работат за криминалците.

-МВР на Спасовски и Ковачевски не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Нарушената безбедност и несигурноста која ја има во општеството и државата заради криминалната влада која штити криминалци е уште една причина за да има предвремени парламентарни избори час поскоро, стои во партиското соопштение на најголемата опозициска партија.

Слични содржини