ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мијалков дошол во ЈО со автомобил на Владата?

од Nikola Popovski

„Единствен кој што се сретнал со Мијалков е Заев, додека договарале да прават вештачка криза во ВМРО. СДСМ молчи и дали Мијалков во ЈО дошол со владин службен црн пасат?“, прашуваат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, СДСМ молчи за целиот театар на Мијалков кој е во режија на Заев.

„Режијата е толку бедна, што имаат куп пропусти. Мијалков стигнал во ЈО во 16 часот, а пред камери глумеше во 16.40 часот. Каде бил 40 минути и зошто наместо да оди во притвор, тој се шета наоколу и глуми изненаден? До кога СДСМ ќе ја замајува јавноста. Сите ја видоа на дело коалицијата Заев – Мијалков.

Сашо Мијалков е товар околу вратот на Заев, кој сам си го избра, и сега мора да одговара за него.

Одговорност за сиот криминал ќе има“, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини