ВМРО-ДПМНЕ: Дури Филипче прави политичко партиски пресметки во институциите, граѓани заболуваат и умираат

од Nikola Popovski

ОД ВМРО-ДПМНЕ излегоа со соопштение во кое велат дека поради неодговорноста и неспосбноста на власта на заев, Филипче и СДСМ , Македонија доаѓа блиску до бројката од 6000 раболени од коронавирусот.

„Со ваквите бројки Македонија е црн рекордер во регионот и по заболени, но за жал и по починати на милион жители. Само последното деноноќие има 150 новозаболени и 9 починати. Дури Филипче прави политичко партиски пресметки во институциите, граѓани заболуваат и умираат. Гледаме дека оваа власт на Заев и СДСМ не се грижи за здравјето и животите на народот, туку посветени се само на криминали, корупции и рекет. Последните материјали покажуваат дека секоја работа во владата била дебело плаќана. Српски тајкун платил најмалку 300.000 евра поткуп за да му се заврши некој бизнис со владата на Заев. Да потсетиме дека Зоран Заев беше снимен како бара евро за црквата и евро за Вицето во сличен случај пред неколку години, а за кое од Луј Витон судството беше ослободен. Колку од овие пари на српскиот тајкун завршиле кај браќата Вице и Зоран Заев, затоа што има сведоштва дека сите изрекетирани пари завршувале токму кај нив“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, сега граѓаните гледаат дека оваа власт на Заев единствено организирана била кога се работи за криминалот, а се друго во државата го има оставено да тоне и да пропаѓа.

„Власта на СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се вели во соопштението на опозициската партија.

Слични содржини