ВМРО-ДПМНЕ е за експертска влада, но Заев да не биде на чело

од Vladimir Zorba

„Заев денес со неговата изјава за широка влада потврди дека на Македонија и е потребна нова и поинаква Влада. Заев денес потврди дека неговата влада и мнозинството се неефикасни и немаат капацитет да се носат со проблемите. Заев не е способен да ја менаџира Република Македонија“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот.

„ВМРО-ДПМНЕ е спремно да разговара доколку експертската влада биде на чело со човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност што може да ја води државата напред до локалните избори, а потоа да се организираат предвремени парламентарни и локални избори“, истакнуваат оттаму во својата реакција.

Слични содржини