ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но само со изготвен проект кој ќе биде основа за заем

од Vladimir Zorba

„Нов Kлинички центар е потребен и ќе има, ама Венко Филипче и Зоран Заев тоа нема да го прават на грбот на граѓаните, нема да го пљачкаат народот“, велат од утрово од Белата палата.

„ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но само со изготвен проект кој ќе биде основа за заем, а не како што сега Филипче сака на основа на стара физибилити студија од 35 страни да земе повеќе од 500 милиони евра заем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче не смее да бара пари за фиктивен проект, а кои ќе ги враќаат граѓаните“, истакнуваат од партијата на Мицкоски.

Слични содржини