ВМРО-ДПМНЕ: Етикирањето новинари е одлика на хибридниот режим во кој Заев ја втурна државата

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ остро го осудува „недемократско постапување на Зоран Заев кон новинарите и медиумите, редејќи етикети, навредувајќи ги, пресметувајќи се, соопштија од партијата.

Од партијата велат дека „вчерашното етикетирање на новинари дека се политички ориентирани било одлика на примитивизам.

„Станавме земја во која Зоран Заев определува кој биле објективни медиуми во земјава, а кој не, држава во која физички се тепаат новинари и се покренуваат нарачани обвиненија само затоа што си ја вршат работата. Заев човекот кој како во политиката така и во делот на медиумите нарачува обвиненија и се пресметува со неистомислениците. Зоран Заев треба да се извини кон медиумите и целата јавност поради недоличниот, дрзок и селективен однос кон медиумите.Зоран Заев е политичар кој одбива дебати, одбегнува критички медиуми и интервјуа и човек кој гази по новинарската професија.ВМРО-ДПМНЕ протестира против срамното однесување на Зоран Заев и бруталната пресметка со новинарите кои се критички настроени кон неговата работа. Слободата на медиумите е фундаментот на демократијата, и тоа нема цена. Зоран Заев е опасност за таа слобода,“ соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на СДСМ вчера, по конститутивната седница на Собранието, во дискусија со дел од новинарите на неговата прес-конференција, рече дека „како што некои медиуми имаат демократско право да се наклонети кон некоја политичка опција, така и тој има право да ја нотира нивната политичка ориентација“.

Слични содржини