ВМРО-ДПМНЕ ги напушти преговорите за медиумите, Ванхауте ги чека да се вратат

од desk3
151 прегледи

Набрзо по започнувањето, ВМРО-ДПМНЕ денеска ги напуштиле преговорите за регулација на работата на медиумите.

dimovski-i-robert-1-860x680

Од информации блиски до преговарачките групи дознаваме дека партијата на власт ги напуштила преговорите, затоа што некои од работите кои ги кажал белгискиот олеснувач тие ги сфатиле лично, иако тие всушност се однесувале на предлозите. Како што брифираат некои од учесниците во преговорите, ВМРО-ДПМНЕ не биле најконструктивната партија и неколку недели „само си играле“.

Стравот од Синдикатот доаѓа од неговата сила

Од СДСМ велат дека ова е позната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за одбегнување на обврските од Договорот од Пржино.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со стратегијата на одолговлекување и непочитување на обврските преземени со Договорот од 2-ри јуни/15 јули. Регулирањето на медиумите е еден од клучните критериуми без кои не се возможни фер, демократски и регуларни избори. Со ваквото однесување, ВМРО-ДПМНЕ го доведува во прашање Договорот од Пржино“, се вели во соопштението на СДСМ.

Белгискиот олеснувач очекува партиите во најкус можен рок да се вратат на преговарачата маса.

Од владејачката партија денеска не беа достапни за изјава да објаснат зошто ги напуштиле преговорите.

МЕТА

Слични содржини