ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на полицајците кои „малтретирале нивни членови“

од Nikola Popovski

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на полицајци, чија задача, според нивните обвинувања, „била да малтретира членови на нивната партија за време на локалните избори“.

– Ова се дел од лицата за кои имаме информации дека се дел од злосторничката група која давала наредби за тепање, убивање и казнување. Сите до еден се вработени во МВР и сите до еден одработувале за Заев и Спасовски: Дарко Цуцулоски – Командир на ОВР Прилеп, Трајан Комиција – Командир на БПС Прилеп, Емилија Велкоска – Началник на НККР Прилеп, Андреј Лашкоски – БПС, Игор Нешкоски – БПС, Стефан – гранична, Давор Паскоски – БПС, Мелита – ПС, Невенче – администратор во БПС, Кире Китаноски – личен шофер на Оливер Лукароски, Коста Талески – ПС во дежурна, Венко Илиески – БПС, Валентин Димоски – БПС, Жарко Цуцулоски – БПС, Андреј Дукоски – БПС, Теодора Китаноска – БПС, Александар Крајоски – БПС, Љубе Стојаноски – БПС, Стефан Кучкарот – БПС, Борче Црнески – БПС, Ванеса Колашинац – Заменик командир на ОВР Прилеп, Анастас Паризо – БПС, Игор Божиноски – БПС, Марјан Мачорот – БПС, стои во партиското соопштение.

МВР денеска категорично ги отфрли овие тврдења.

-Во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало.

Ја информираме јавноста дека МВР нема креирано таква вибер група и дека активностите на МВР и во Прилеп и во било кој друг град не се координираат преку вибер групи.

Во исто време, после направена проверка на статистиката за возила испратени на технички преглед, информираме дека тој ден во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле, велат од полицијата.

Слични содржини