ВМРО ДПМНЕ ги замрзнува односите со претседателот Пендаровски

По однос на лидерската средба за која Мицкоски изјави дека нема да учествува доколку Пендаровски ја свика истата, денес повторно се огласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ, кој пак вели дека Пендаровски го загубил кредибилитетот за огранизација на лидерски средби

„Стево Пендаровски го загуби кредибилитетот за организирање на лидерски средби, по низа скандали во неговото работење, вклучувајќи ги сведочењето на реисот и доделувањето на мандатот на Зоран Заев, без доказ за поседување на парламентарно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски.
Средба кај Претседател кој е без свој став или следи став на еден политичар, не прифаќаме.
Барав и барам средба со лидерите на партиите од власта и опозицијата, на која ќе се дискутира за спорот со Бугарија, бидејќи јавноста и опозицијата не смеат целосно да се исклучени од овој процес.
Да дискутираме и за:
⁃ исклучително лошата состојба со корона кризата;
⁃ потребата за техничка влада по дебаклите на Владата;
⁃ екстремно лошата економска ситуација;
Веќе немаме години за губење. Скапоцено време за граѓаните и државата. Заев одбиваше лидерска средба, па го промени мислењето. И напоменувам дека ова не е првпат. Но, неоправдана суета и галопирана неспособност на еден човек не може да држи во заложништво цела држава.
И на крај, Заев заборава дека насилната промена на уставното име е почетокот на отварањето на пандорината кутија. Секое нејзино подотварање денес е еквивалент на некоја нова национална катастрофа!“, се вели во фејсбук статусот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Слични содржини