ВМРО-ДПМНЕ гласаа за Законот за служба, во кој стои Северна, а го проблематизираат Законот за одбрана (ФОТО)

од Vladimir Zorba

ВМРО-ДПМНЕ гласаа за Законот за служба во АРМ, во кој стои Северна Македонија, а го проблематизираат Законот за одбрана, кој е важен за НАТО интеграцијата

Оттука не држи ставот на партијата на Христијан Мицкоски дека со гласање за Законот за одбрана се гласа за промена на името на Армијата.

Листинзите од Законот за служба во Армијата, членот каде што се менува (Северна), а за кој гласале од ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат дека „ЗА“ гласале Мицевски, координаторот на пратеничката, Николовска, Ѓорчев, Пешевска и други.

Собранието на РС Македонија во рамки на 126-та седница со 63 гласа за и без против и воздржани го донесе Закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, по скратена постапка.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска образложувајќи го, рече дека влегла во МО за да остари две големи цени – да влеземе во НАТО и армијата да биде ценета, и оти вели, сега може да каже дека овие две цели се постигнати.

Слични содржини