ВМРО-ДПМНЕ го осудува насилството и бара да се расветли случајот со нападот на новинарската екипа

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ осудува секаков вид насилство и попречување на работата на новинарите и медиумите, стои во соопштението од партија откако на денешниот протест против поскапување на струјата беше физички нападната новинарската екипа на „Ал Џезира“.

„Новинарите и медиумските работници ја имаат полната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Повикуваме да се расветли настанот од вечерашниот протест и воедно ги повикуваме надлежните органи да ги расветлат сите случаи на попречување на работа на новинари, насилство врз новинари, случаи на физичка пресметка кои власта на Заев ги става под тепих. Воедно, ги осудуваме и случаите кога се врши политичко судски прогон врз новинари кои се критички настроени кон носителите на јавни функции, како и притисоците врз медиуми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини