ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа секој предлог за прагот за потписите за независните кандидати

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се согласува и го прифаќа прагот од еден процент за потребните потписи за независните кандидати.

„Имаше определена гимнастичарска политика од страна на власта, во делот на отворените листи. Помалите партии бараат отворени листи и ВМРО-ДПМНЕ се сложи, а гледаме потоа се премислија и не сакаа отворени, а ние повторно се сложивме. Потоа власта побара да се зголеми прагот на потписите за кандидатурите и ние и за тоа се согласивме. Ја слушав вчера изјавата на премиерот Заев и повторно ВМРО-ДПМНЕ прифаќа прагот да биде 1%, ако треба и воопшто да го нема, само нека има фер и демократски избори, да нема закани и уцени“, рече денес Мицкоски.

За ова прашање реагираше и претседателот Стево Пендаровски, кој јасно порача дека нема да потпише закон кој предвидува праг од два отсто.

Според така предложените измени на пример ако на последните локални избори во 2017 година во избирачкиот список во град Скопје имаше запишано 461 312 гласачи би значело дека за некој независен кандидат да се натпреварува ќе треба да собере 9,226 потписи, а според постојните правила за ваков потег досега беа потребни 1000 потписи. Заев вчера најави дека прагот ќе биде тргнат од предложените измени.

 

Слични содржини