ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните во нас гледаат единствена шанса за обнова на Македонија

од Vladimir Zorba

„Вистинските“ реформи на СДСМ ја оставија Македонија без датум за преговори. Време е сега да се стави крај на „вистинските“ реформи на Зоран Заев и неговите пајташи“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на утринското соопштение на СДСМ.

Од реформи, според партијата на Мицкоски, граѓаните видоа само криминал, рекет, и продавање на национални интереси.

„Граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ гледаат единствена шанса за обнова на Македонија. Граѓаните повеќе не му веруваат на Заев, не му веруваат на СДСМ и нивните лаги и манипулации. Време е за реформи, вистински реформи, политичари кои ќе работат за доброто на граѓаните на Република Македонија. Доаѓа време за обнова на Македонија“, се додава во реакцијата.

Слични содржини