ВМРО-ДПМНЕ: Груби го приватизира министерството, наместо по компетенции вработува роднини!?

од Берта Китинска

Артан Груби го приватизира министерството, наместо по компетенции вработува роднини!?, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со одлука на Груби од 21.03.2022 година на работно место самостоен референт за стратешко планирање, креирање на политики и следење, во Одделение за стратешко планирање, креирање на политики и следење е вработен Сезар Груби.Ова е директен непотизам, и во спротивност со Законот за спречување на корупција.Во министерството каде Артан Груби е министер, со негов потпис, се вработува неговиот роднина?ДКСК веднаш да го испита случајот и да се поништи одлуката за вработување.Груби, е синоним за тоа како врвот на ДУИ ги злоупотребува институциите за вработување на своите блиски луѓе.И додека граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, со високи сметки за струја и парно, со покачени цени на горивата и основните животни намирници СДСМ и ДУИ работат за свој личен интерес, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини