ВМРО-ДПМНЕ: Груби искрено да каже дека одбива намалување на бројот на пратеници

од Nikola Popovski

Груби треба сериозно да се ја сфати позицијата платена од граѓаните, и да разбере дека овде не се работи за пазарење, ниту пак за надавање како што е навикнат на принципите по кој се раководи коалицијата на СДСМ-ДУИ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби.

Според најголемата опозициската партија, Груби наместо да се обидува да прави пазар, треба да собере храброст и нека каже дека одбива да има намалување на бројот на пратеници и дека не е за заштедување на парите на граѓаните.

-Тоа дека е против една изборна единица Груби треба да им го каже и на партиите ДОМ, ЛДП и ДС кои барем декларативно се залагаат за една изборна единица. Секогаш кога треба да се прави гимнастика и да се прави политичко харикири очигледно задолжен е Артан Груби, се вели во партиската реакција.

Вицепремиерот денеска го поздрави фактот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски позитивно зборувал за отворање на Уставот, односно за предлогот за намалување на бројот на пратеници во Собранието, кое може да се направи само преку уставна измена.

-Имаме и ние теми кои треба да бидат опфатени со отворањето на Уставот, а пример е спорот со Бугарија или внсеувањето на бугарското, хрватското или црногорското малцинство и укинувањето на ограничувањето од 20% за употреба на албанскиот јазик. Ние сме спремни да ја разгледаме таа идеја и да додаеме други дополнителни идеи за да ги затвориме сите отворени прашања, изјави Груби пред новинарите.

Слични содржини