ВМРО ДПМНЕ и денес ќе блокира улици: Се бара оставка од Заев во 15 градови ширум земјата

Опозициската ВМРО ДПМНЕ и денес повторно ќе ги блокира улиците низ Скопје и останатите градови.

Имено денеска во 15 часот ќе ги блокира раскрсниците пред Владата и кај Министерството за надворешни работи, додека во 18 часот ќе се оддржат протести во 15 градови ширум државава.

„Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ. Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси“, велат од партијата.

Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ и ги повикува граѓаните да им се приклучат.

Слични содржини