ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не ставија потпис на барањето да се обврзат за подобар живот на лицата со попреченост

од Берта Китинска

Претставници на политички партии вчера во Паркот „Жена борец“ во Скопје го потпишаа документот на родителите на деца со посебни потреби со кој се заложуваат дека ќе ги исполнат нивните барања.

Претходно, родителите изјавија дека бараат измени на Законот околу одземање на деловната способност на децата со посебни потреби, зголемување на додатоците, тргнување на границата од 26 години за овие лица во здравството, како и измена и на други закони и после 18 години да се применува посебниот додаток во додаток на попреченост

„На средбата свој потпис како поддршка и еден вид на збор дека ќе се заложат за исполнување на нашите барања за време на својот мандат, ни дадоа СДСМ, Левица, Македонски концепт, Алијанса за Албанците… Од Интегра претставник го зеде документот првин да го разгледа, па ќе не извести дали ќе биде потпишан. За жал, никој од ДУИ не појави на настанот. Од ВМРО ДПМНЕ пак, дојде нивни претставник, но не го потпиша документот со нашите барања. Разочарувачки е, бидејќи се работи за две големи партии. Благодарни сме им на сите политички партии кои дојдоа и го потпишаа документот со нашите барања “, изјави Маргарита Маги Милошеска, мајка на девојче со попреченост чија иницијатива е кампањата „Да создадеме свет без граници”.

Дел од партиите ги поддржаа барањата на родителите на деца со посебни потреби.

Спасе Додевски од СДСМ по потпишувањето изјави дека последниве денови голем број граѓани и невладини организации на лица со попреченост, како и родители на деца со попреченост покажале интерес да имаат средби во насока на нивно информирање за сите мерки кои ќе ги преземе, како што истакна, новата Влада на СДСМ за унпаредување на животот и развојот на лицата со попреченост и нивните семејства.

Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојевски изјави дека иако документот има обемна содржина, треба да бидат искрени и чесни кон иницијаторите кои се борат за правата за децата со попреченост дека дел од работите не можат да бидат исполнети во рокот наведен во него.Дел од партиите ги поддржаа барањата на родителите на деца со посебни потреби.

Слични содржини