ВМРО-ДПМНЕ и попладнево на протести во Скопје

од Nikola Popovski

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ попладнево повторно излез на протест во Скопје под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.

Александар Пандов вечерашниот протест пред Министерството за правда рече дека ние живееме во земја каде како Македонци треба да се објаснуваме со соседите дека сме Македонци, дека нашите предци говореле македонски, дека имаме сопствена автентична историја.

„Ние сме едиствена земја во која оваа багра на Заев, заедно со Димитров, сега зајакнати со Бучковски, ни се преговарачи со Бугарија. Може да замислете каков би бил исходот. На сите им се јасни ставовите на Заев, Димитров, Бучковски. Тоа се луѓе што за лични причини би продале сè. Тоа се луѓе чии ставови се многу поблиски до ставовте на Каракачанов, Захариева, Борисов“, рече Пандов.

Пратеникот Игор Јанушев од протестот пред македонската Влада порача дека веќе неколку недели македонскиот народ е на улици во одбрана на Македонија од неправдите и зулумите кои му ги прави „криминалецот и патолошки лажго на власт Зоран Заев, кој наголемо ја распродава Македонија и македонските национални обележја“.

Слични содржини