ВМРО-ДПМНЕ: Или Џафери лаже или Караџовски крши закони

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ реагира откако спикерот Талат Џафери синоќа гостуваше во емисијата „Само вистина“.

„Џафери синоќа изјави дека Караџовски извршил измена на протоколите и дозволил позитивни пратеници да присуствуваат во Собрание. Караџовски нема правен основ за да изврши промена на протоколите. Го повикуваме Талат Џафери, претседателот на Собранието, јавно да го објави документот врз основа на кој Караџовски дозволил слободно движење на пратениците и ослободување на протоколите“, велат од најголемата опозициска партија.

Според нив, да се дозволи јавен увид доколку постои таков документ кој би бил правен преседан.

„Каков е тој документ со кој се суспендираат законите на неколку часа? Дали со ова Џафери призна дека Жарко Караџовски, претседателот на Комисијата за заразни болести, направил фалсификат документ или пак таков документ не постои. Караџовски и Џафери треба да одговорат која е вистината. Или Џафери лаже, или Караџовски крши закони“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини