ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува позицијата на Франција за преговорите?

од Vladimir Zorba

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ користејќи ги личните контакти во сестринските партии лобираат да се прифати позицијата на Франција, да се одложи одлуката за одредување датум за преговори за јуни 2020, пишува Фронтлајн.

Во нивните лобирања, според медиумот, против сопствената земја ги критикувале реформите кои се спроведуваат во С. Македонија, искажувајќи аргументи и против реформите кои самите ги поддржаа и за кои гласаа во Парламентот, и оние кои ги кочеа.

„Опозициските претставници се фокусирани на Грција и Италија кои се најгласни против разделувањето на Македонија и Албанија. Иако, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски уште пред неколку месеци јавно го обвинуваше Бујар Османи дека свесно работел Македонија и Албанија да одат во пакет пред Европскиот Совет, сега токму опозициските претставници тајно прават сѐ што е во нивна моќ пакетот да не биде раздвоен“, пишуваат од Фронтлајн.

Слични содржини