ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува подготвеноста на ДУИ да не бидат дел од владата

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која доаѓа по денешниот настап и притисок на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

-Останува уште ДУИ освен за опозиција да се согласи за одложена примена на измените се до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет. Сакале неќеле догодина ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни, велат од партијата на Мицкоски преку соопштение.

Портпаролот на ДУИ. Бујар Османи денеска објави дека неговата партија прифаќа да не биде дел од Владата до избори, но доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа широка влада.

Слични содржини