ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатите на СДСМ за градоначалници немаат направено ниту еден проект

од Nikola Popovski

Љупчо Николовски вчера кажа дека СДСМ за свои кандидати ги предлага: Тони Делков за Неготино, Борче Георгиевски за Гази Баба, Јасмина Гулевска за Могила, Звонко Пекевски за Берово, и Даниел Крстевски за Ранковце. Сите освен Крстевски се актуелни градоначалници кои немаат направено ниту еден проект, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на вчерашните предлози на СДСМ за кандидати за градоначалници.

Според нив, Георгиевски ветил 5 градинки, а после четири години едвај успева една да заврши, од другите 4 ниту трага ниту глас.

-Вети и не направи основно училиште, нема ниту нови водоводи и канализации. Иста е сликата и со Делков, Гулевска и Пекевски. Нема дела, нема проекти, само крадат и прават криминал. СДСМ треба да се разбуди од сонот, сега е 2021 година, а не 2017 година, лагата по втор пат нема да им помине, стои во партиското соопштение.

Синоќа на седница на Извршниот одбор на партијата, беа дефинирани уште неколку кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

По спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во органите на партијата и секако по консултација со членовите, дефинирани се дополнителни пет кандидати за градоначалници:

1. Ѕвонко Пекевски – Берово

2. Борис Георгиевски – Гази Баба

3. Јасмина Гулевска – Могила

4. Тони Делков – Неготино

5. Даниел Крстевски – Ранковце

 

Слични содржини