ВМРО-ДПМНЕ: Ќе доставиме закон до Собранието за легализација на трговијата со криптовалути

од Stefanija Kuzmanovska

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе достави закон до Собранието за легализација на трговијата со криптовалути и нивно чување.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи ова законско решение, кое покрај легализирање и ставање во правна рамка на тргувањето со круптовалути ќе опфаќа и законско ослободување од пресметување на ДДВ за трговијата со криптовалути, а инвеститорите ќе се ослободат и од плаќање на данок на добивка и персонален данок на доход најмалку до крајот на 2023 година.

Со ова законско решение ќе се обезбедат и до половина милијарда евра за буџетот. А тоа се половина милијарда евра повеќе за проекти и мерки за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како од Македонија да направи земја во која напредните технологии ќе бидат секојдневие.

Време е да фатиме чекор со напредните држави. Време е за нови технологии и нов пристап. Време е за развој. Време е за Македонија за сите луѓе, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини