ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти имињата на техничките министри во втората половина на декември

од Aleksandar Todeski

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема одлучено кои кадри ќе бидат нивни министри и заменици во техничката влада која треба да биде избрана на 3 јануари.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, во изјава за Алсат изјави дека предлозите за технички министри и заменици-министри ќе се знаат во втората половина од декември.

„Дискутиравме само за процесот којшто следува. Не сме дискутирале сѐ уште за имиња. Во моментов во партијата трае процедура на испитување на јавното мислење за имиња во одделни општини за кандидати за пратеници. Во моментов сме во таа фаза. Инаку, втората половина од декември месец ќе има јавноста информации за тоа кои ќе бидат имињата коишто од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат предложени за технички министри, заменици-министри итн“, рече Мицкоски.

Слични содржини