ВМРО-ДПМНЕ ќе ја разгледа можноста за импичмент на Пендаровски

од Nikola Popovski

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ во денешната емисија на отвореното студио на ТВ 24 потврди дека нејзината партија нема да гласа за вонредната состојба. Но, после прогласените уредби виделе дека голем дел од уредбите донесени од владата биле наменети за други цели и немало ефекти.

„Голем дел од уредбите беа наменети за други цели и затоа денес се наоѓаме во упште поголема длабока здравствена и економска криза кои ќе се продлабочуваат. Затоа и јавно излеговме со став дека нема да гласаме за овие уредби, зошто не донесоа ништо позитивно“, рече Стојановска.

Таа додаде дека опозицијата ќе ја разгледа можноста за импичмент на Претседателот Стево Пендаровски.

„Во текот на емисијата кажав дека одговорот за овој проблем  кој што е несомнено дека  ќе стане и голем  треба да се побараат или кај претседателот  или кај Уставниот суд, но по однос на ова што ме прашавте дали ќе поднесеме иницијатива за импичмент  на претседателот  секако ќе ја разгледаме, став немаме донесено“, изјави Стојановска.

Слични содржини