ВМРО-ДПМНЕ ќе организира нови протести

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение најави нови протести.

„Сите граѓани во одбрана на националните интереси. Утре на 27.11.2020 во 18:00 часот ќе се одржи протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола“, стои во партиското соопштение.

Од партијата велат дека време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев.

„Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш! Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро“, објавија од партијата.

На вечерашниот протест пред Владата опозицискиот лидер Мицкоски побара Заев да се извини за ставовите во интревјуто за БГНЕС и да си поднесе оставка.

Слични содржини