ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични до власта поради пожарот во Кочани

од Vladimir Zorba

Правната служба на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави до власта поради непостапување навремено спречување на пожарот во Кочани, соопшти денеска портпаролот на партијата, Димче Арсовски.

„Бараме одговорност за тоа што вчера наместо да се стиши оваа огнена стихија тука од страна на надлежните на власта, Стојанче Ангелов и сите останати кои што треба да бидат во тој кризен штаб, тие си беа по прослави. Стојан Ангелов си глумеше селебрити и се сликаше со пејачи и со други лица од естрадата. Наместо да биде тука со граѓаните.

Бараме одговорност за тоа што наместо да се сервисираат оние авиони, ЕР трактори односно канабери кои што со сервисот чинат само 400.000 евра, власта и Заев и сите останати не најдоа време, не најдоа пари, иако ја задолжија Македонија и ги потрошија за само една година една ипол милијарда евра. Не најдоа ниту време, ниту пари да ги сервисираат за да не ни се случи ова кое што ни се случи вчера за што сведочи оваа глетка каде што се уште има чад од оние дрва кои што изгореа. Како што гледате стигна дури и до куќите и за жал има неколку куќи изгорено. И за жал неколку лица од огнот завршија во болница со изгореници како што можевме да видиме низ медиумите“, вели Арсовски.

Слични содржини