ВМРО-ДПМНЕ: Клиниката каде директорува Пановска доделила нов тендер од 3 милиони евра на веледрогеријата на татко ѝ

од Nikola Popovski
307 прегледи

Здравствениот систем во Македонија наместо да служи да ги лекува граѓаните, првенствено се користи за матни зделки и бизниси со кои поединци се богатат. Па така Клиниката за хематологија каде директорува Пановска како по правило ја продолжува праксата да  доделува тендери на веледрогеријата на Пановски. Или со други зборови Клиниката кај што е директор ќерката доделува милионски тендери на веледрогеријата во сопственост на таткото, обвинија повторно од ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија, оваа година исплатата изнесува 3 милиони евра.

-Таткото Пановски бил единствен понудувач, а одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена од страна на ќерката Пановска. Како ли не и било срам на ќерката да доделува тендери на фирмата на својот татко, и тоа редовно неколку години наназад?

Ова е спротивно на сите законски и морални принципи и ним око не им трепнува. Ова е дел од еден систем кој го подрива здравството и овозможува некој да се богати на сметка на граѓаните а пред се на пациентите. Ова мора да престане, порачуваат од „Белата палата“.

Слични содржини