ВМРО-ДПМНЕ: Кога Арсовска има пари за неуспешен пи-ар, тогаш може да најде пари и за превозниците

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се реши проблемот со приватните превозници.

-Наместо СДСМ и Данела Арсовска да прават политика од хаосот во град Скопје веднаш да се исплатат заостанатите долгови кон приватните превозници. Кога Арсовска има пари за неуспешен пи-ар, тогаш може да најде пари и за превозниците. Наместо да ги прогласува за криминалци нека седне и нека го реши проблемот, истакнаа од најголемата опозициска партија преку соопштение.

Од таму додаваат дека „секој ден Арсовска дава оправдување на потегот да се повлече поддршката за нејзиното погубно водење на градот“.

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ утрово ја блокираа крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ барајќи да им се исплати заостанатиот долг од ЈСП Скопје. Од таму најавија дека доколку не дојде до решение во последните денови, ќе го парализираат сообраќајот во целиот град.

– Не е исклучена можноста и не е потврдена информацијата дека на тој ден во утринските часови според можеби поедини превозници да ги блокираат излезите односно влезовите на ЈСП-Скопје. Исто така времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, беше соопштено.

За денеска е закажана седница на советнички прашања во Советот на Град Скопје, на која најмногу ќе се разговара за проблемите во јавниот превоз и состојбата со приватните превозници.

Слични содржини