ВМРО-ДПМНЕ контра Телма: Уредништвото на телевизијата треба да известува избалансирано

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека и денеска немало никакво известување за активностите на опозицијата на телевизијата со национална концесија Телма.

„Цензурата на Телма и мракот кој Зоран Заев го прави за опозициските активности продолжува што укажува дека Владата на Заев се брани не со аргументи туку со тоа што реши да ја замолкне опозицијата. Уредништвото на Телма треба да знае дека освен бизнис интереси на компанијата која ги поседува постои и јавен интерес кој телевизијата треба да го застапува, а тој налага избалансирано преставување. Дека телевизијата известува неизбалансирано во корист на владата со целосно игнорирање на активностите на ВМРО-ДПМНЕ потврдува и извештајот на АВМУ каде се констатира таквата цензура“, стои во партиското соопштение.

Од партијата додаваат дека премиерот Заев ги држи во заложништво дел од медиумите.

„Цензорот Заев во заложништво ги држи дел од медиумите уценувајќи ги со бизнис и политички интереси. Таквиот мрак треба да ја сокрие катастрофата во здравството и економијата.Ги охрабруваме новинарите да ја штитат слободата и својата независност“, стои во соопштението.

Слични содржини