Материјалите се сечени и монторани, а наративите и воведите лажни, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на последната „бомба“ на СДСМ, презентирана од потпретседателот на партијата, Дамјан Манчевски, во кампот на слободата пред Владата.

4вмро

„Пет години, а особено последните пет месеци, трубеше на фанфари дека наводно во Скопје 2014 имало некаков наводен криминал, за денеска дури и со твоите креирани материјали да се увиди дека нема ни К од криминал, туку напротив има залагање за реализација на проекти кои се од интерес на сите граѓани и ние сме благодарни што и ти самиот со твоите креирани материјали тоа го потврди“, стои во реакцијата.

Како што се наведува во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ  му се заблагодарува на СДСМ за тоа што потсетува на проектите кои , како што се вели , ќе останат како трајно наследство за народот и Република Македонија“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Сакаме да Ви посочиме дека сме, и загрижени од појавата да давате лажни воведи пред да ги пуштите креираните материјали, и токму тие лажни воведи се демантирани од креираните материјали, и тоа е веќе толку очигледно за целата јавност што почнувате да предизвикувате и хумористични реакции на моменти“, се вели во реакцијата.

Слични содржини