ВМРО-ДПМНЕ: Материјалот за модуларните болници не бил атестиран

од Nikola Popovski

Филипче и Министерството за здравство ја спровеле јавната набавка на монтажните болници во која се бара материјалот да биде од ПУР панели кои се најслабо огноотпорни, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според нив, за ваквиот материјал не било барано да биде атестиран, дополнително немало технички прием на објектите, немало инспекциски извештај од Дирекцијата за заштита и спасување, немало апарати за противпожарна заштита, ниту систем за рана детекција на пожари, и редица други пропусти и грешки.

-Вака со Филипче се уште на позицијата министер за здравство нема апсолутно никаква гаранција за кредибилна истрага, затоа што од позиција на моќ и власт може да се влијае врз процесот. Потребна е објективна истрага ослободена од Заев, Филипче и Хасани. Затоа оставки!, стои во соопштението од „Белата палата“.

Слични содржини