ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка

од Vladimir Zorba

„Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка. Економијата оди кон амбис, а владата не презема ништо. Квазимерките кои ги најавија ќе остават десетици илјади работници без помош. Неделувањето на власта веќе остави над 20% од вработените во државата без работа“, велат одопозициската партија.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ

„Доколку нема суштинска помош за бизнисот ќе следи економска катаклизма со масовни отпуштања и затворања на фирми. На здравствено поле. Лекарите се борат голораки. Владата не обезбеди заштитна опрема и дозволи над 10% од заразените да бидат лекари. Аматеризмот на власта мора да запре. Граѓаните очекуваат сериозен пристап“, додаваат од партијата.

Слични содржини