ВМРО-ДПМНЕ: МОН ќе ангажира образовни асистенти со несоодветна струка и тридневен курс

од Nikola Popovski

Министерството за образование и наука најавува 720 образовни асистенти од септември и во најава објавување оглас за нивно ангажирање. Соопштуваме дека идните образовни асистенти, а и голем дел од постоечките се со несоодветна струка и со тридневен курс за работа со деца со посебни потреби, обвинија вечерва од ВМРО-ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија, наставниците ангажирани како образовни асистенти ја губат можноста за вработување на неопределено по својата струка (одделенски, предметни).

-На сите ли наставници ќе им ја менуваат струката? Тогаш нека ја затворат катедрата за дефектолози! Нека ја затворат и катедрата за наставници за странски јазици бидејќи преведувачите ги вметнаа во закон за наставници. Сѐ што реформираа целосно деформираа, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ кон власта.

МОН вчера објави дека во новата учебна 2022-2023 година, ќе бидат ангажирани вкупно 720 образовни асистенти, а јавните огласи за пријавување на заинтересираните, во следните неколку денови ќе ги објават основните училишта со ресурсни центри кои воедно и се задолжени за спроведување на целата постапка за селекција.

-Согласно Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи на образовниот и личниот асистент, образовен асистент може да биде лице кое сестекнало со звање: специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог со завршено VII/1 степен т.е. VIA според македонската рамка на квалифкациии  МРК или 240 ЕКТС, како и лице кое што ги исполнува условите за наставник воодделенска настава (VII/1 степен т.е. VI A според МРК  или 240 ЕКТС), односно наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI A според МРК  или 240 ЕКТС)

По конечниот избор, образовните асистенти се вработуваат во основните училишта со ресурсни центри, со месечен надомест и платени придонеси од задолжително социјално осигурување.

Министерството за образование и наука ги повикува сите граѓани со соодветно образование и со желба за работа со ученици со попреченост, да ги следат веб страниците на основните училишта со ресурсни центри и да се пријават на повикот од соодветното училиште за кое се заинтересирани, соопштија од ресорот образование.

Слични содржини