ВМРО-ДПМНЕ: На прославата на Мечкин Камен имаше партиска параполиција

од Nikola Popovski

СДСМ и Кузеска денес требаше да му се извинат на народот, за тоа што прославата на Мечкин Камен ја претворија во партиско полициско малтретирање на граѓаните. Власта треба да одговори од што се плаши и зошто се штити од својот народ, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според нив, „јавноста виде дека со полиција и партиска параполиција удрија по присутните на Мечкин Камен“.

-Снимките покажуваат дека оваа ненародна власт го замолчуваше својот народ, ги тегнеше, малтретираше и удираше за да не биде вознемируван врвот на нивната партија. Ако ова е достоинствено за СДСМ, тогаш навистина имаат проблем со разбирање на терминот и значењето на одбележувањето на Илинден, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ и додадоа:

-Кузеска и СДСМ знаат дека на сила ќе се одржат само уште малку, а потоа народот ќе дојде по своето.

Претходно портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ на најголемиот државен празник, продолжи со недостоинствено, неодговорно и антидржавно однесување.

-Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Александар Николоски, свесно доцнеше на предвидената агенда, за потоа да ја напуштат манифестацијата пред интонирањето на државната химна. Тоа е нечесно, неодговорно и срамно однесување. ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин камен свесно го сквернавеше Денот на републиката, државниот празник го злоупотребуваше во дневно партиски цели, рече меѓу другото Кузеска.

Слични содржини