ВМРО-ДПМНЕ најавува импичмент за Пендаровски

од Берта Китинска

Пратеничката  Дафина Стојаноска ја предложи дека опозицијата ќе ја разгледа можноста за импичмент на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Во текот на емисијата кажав дека одговорот за овој проблем кој што е несомнено дека ќе стане и голем треба да се побараат или кај претседателот или кај Уставниот суд, но по однос на ова што ме прашавте дали ќе поднесеме иницијатива за импичмент на претседателот секако ќе ја разгледаме, став немаме донесено, рече Дафина.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за продолжување на вонредната состојба затоа што голем дел од уредбите донесени од владата биле наменети за други цели и не се надминала економската и здравствената криза во државата.

Портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски, на денешната прес-конференција истакна  дека се разгледуваат сите можности и ќе бидат разгледани сите опции на телата и органите во партијата и ќе бидат дискутирани во врска со конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски.

„Ние одамна кажавме дека Пендаровски е соучесник на мафијата на Заев, која, за жал, функционира во оваа држава Република Македонија и многу подобро и од најдобрите времиња кога функционирала најголемата мафија во светот ‘Коза ностра’“, рече Арсовски.

Можноста за импичмент е поврзана со актуелните случувања во Собранието во однос на гласањето за петте вонредни состојби на претседателот.

Најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во Собранието нема да гласа за потврдување на вонредните состојби што поради пандемијата предизвикана од ковид-19 ги потпиша претседателот Стево Пендаровски, во услови кога Парламентот беше распуштен за премиерот Зоран Заев се неодговорни и спротивни на интересите на граѓаните.
Тој додаде дека и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ барал прогласување вонредна состојба, иако како што вели, воопшто не е важно гој побарал, зошто условите биле такви што тоа морало да се направи.

„Не е важно кој ја побара, ја побаравме заедно и власта и опозицијата. Претседателот Пендаровски нѐ послуша, ги слушна аргументите, одржавме состаноци и тој ја прогласи првата вонредна состојба, како и следните. Последната беше на барање на опозицијата заради изборите, немаше начин како поинаку да се организираат сосдветните законски датуми за одржување на изборите. Сега да се изјави дека не се поддржува вонредната состојба, дека нема да се гласа вонредната состојба е најблаго кажано неодговорно“, рече Заев.

Слични содржини