ВМРО-ДПМНЕ најавува нови детали за аферата „Броило“

од Берта Китинска

Додека граѓаните немаат за леб, дезертерот Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, преку злосторничко здружување екстра профитираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека за кризниот профитер Ковачевски броилото врти за богатење, додека за граѓаните броилото врти за осиромашување.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека исто така фирмите на Ковачевски и Паунов добиваат и државна помош.

-Аферата Броило продолжува и денес, каде што ќе бидат објавени нови докази за над 26 милиони евра вредниот соларен картел на Ковачевски и неговиот кум Паунов. Димитар Ковачевски е главата на ова злосторничко здружување. За секој сторен криминал, злоупотребувајќи ги кризите во Македонија ќе има одговорност, се наведува во соопштението.

Слични содржини