ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да глуми портпарол, Филипче да го облече белиот мантил и да им помогне на неговите колеги

од Vladimir Zorba

„Состојбата со корона вирусот во Република Македонија ескалира поради неспособноста на власта се да справи со оваа ситуација. Бројот на заразени и починати лица од корона вирусот секојдневно расте. Според последните податоци во Македонија од корона вирус се заразени 760 лица, од кои 41 лице е излечено, додека 34 лица се починати. Статистиката покажува дека дури 60-тина здравствени лица се заразени од Ковид 19 и тоа само поради недостаток на заштитна опрема, медицински ракавици, маски и скафандери“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот Филипче.

„Наместо Венко Филипче да глуми портпарол држејќи прес конференции и да пишува статуси, обвинувајќи ги другите за неговата неспособност да го облече белиот мантил и да им помогне на неговите колеги здравствените работници.

Доколку владата и министерствпто за здравство навистина се грижеа тогаш наместо да носат уредба со законска сила за исплата на платите на Специјалното јавно обвинителство кое што се покажа како најкорумпирана институција, ќе донесеа уредба за парична награда на здравствените работници кои што се во првата борбена линија за спречување на ширење на корона вирусот.

Потребни се итни мерки за спас на здравствениот систем од колапс, за спас на економијата за спас на Република Македонија. Македонија и граѓаните повеќе немаат време за чекање“, велат меѓу другото од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини