ВМРО-ДПМНЕ: Народот ќе плаќа поскап дизел затоа што Рашковски со државни пари си го купувал сопствениот патент

од Vladimir Zorba

„Државата тоне во долгови, затоа што парите наместо да се трошат за капитални инвестиции, се трошеа за тендери за набавка на непотребни работи, или со преплаќање на потребни ствари“,велат од партијата на Мицкоски утрово.

„Народот ќе плаќа поскап дизел затоа што Рашковски со државни пари си го купувал сопствениот патент, затоа што Ден Дончев трпаше туциња пари во торба, затоа што преку тендери се набавуваа противпожарни возила со скали двојно поскапи од тоа што плаќале државите од регионот.

Народот ќе плаќа за да ги покрие глупостите на власта. 54 милиони евра народни пари секоја година ќе се собираат со новиот данок на Заев на дизелот“, се посочува меѓу другото во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини