ВМРО-ДПМНЕ: Нашата партија е реформирана, пропадна обидот на иницијативата Мериот

од Nikola Popovski

„Во врска со откажување на таканаречениот вонреден конгрес на иницијативата Мериот, ВМРО-ДПМНЕ го истакнува следното: Уште една инвестиција на Заев пропадна. Уште еден пораз за тоа да се инсталира контролирана опозиција“, известуваат од најголемата опозициска партија преку соопштение.

Според нив, ова е и најголем доказ дека ВМРО-ДПМНЕ пактови со криминал не прави но и дека луѓе кои уценети одработуваат за Заев не може да бидат иднина.

„ВМРО-ДПМНЕ е реформирана и прочистена партија од компромитирани кадри кои решија да му служат на Заев. Ништо од приказните и лагите дека имале мнозинство делегати па дека нив им била намерата да направат промени во опозицијата со тезата Заев е добар, а ВМРО-ДПМНЕ не чини. ВМРО-ДПМНЕ е отворено за сите чесни и добронамерни луѓе и единствена цел останува пораз на Заев и одговорност за неправдите и криминалите. Македонската пролет доаѓа“, стои во реакцијата на партијата.

 

Слични содржини